СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ја манипулира јавноста за состојбите со мостот за Потпеш

Од:

Доколку навистина беше дивоградба, Мостот на желбите до Потпеш ќе беше урнат, оти надлежни за него се Министерството за транспорт и врски и Капетанијата, а тие цели пет години не реагираа. Општината треба да се откаже од таквата намера, оти со тоа ќе создаде голем проблем за луѓето од Потпеш, реагира Општинската организација (ОО) на СДСМ од Охрид.

„Независно кој и како бил донатор на мостот, со неговата изградба во 2009 година се реши еден од најгорливите долгогодишни проблеми на жителите од месноста Канео, за брза и непречена комуникација со централното градско подрачје. И не само тоа – мостот веднаш стана најпосетуваната, најкористената и најпрактичната туристичка атракција во Охрид, што им овозможи на огромен број туристи секојдневно масовно да поминуваат по него кон Потпеш, Канео, Лабино, Плаошник и останатите атрактивни локации.

Сите активности околу изградба или движење на каков било објект во езерото во крајбрежниот појас сите овие години се во надлежност на Министерството за транспорт и врски и Капетанијата. Тоа се ресорни институции на Владата на Република Македонија, којашто сите овие години е предводена од ВМРО-ДПМНЕ“, порача опозицијата во Охрид.

Партиската организација на СДСМ во Охрид вели дека општината нема логични аргументи за рушење на мостот, што се гледа и од фактот дека надлежното министерство не направило таков потег.

„Зошто тогаш надлежните државни институции цели 5 години не реагирале, односно не го срушиле мостот? Ако е навистина мостот дивоградба, зошто тогаш цели 5 години таквата дивоградба е толерирана од страна на надлежните државни инспекциски органи?

Зарем сега, цели 5 години подоцна, во екот на туристичката сезона треба да се руши мостот? Ако е мостот нелегален, зошто, наместо да го руши, локалната самоуправа не ги презеде неопходните активности мостот да го легализира? И конечно, ако постои реална опасност од одрони од карпите, зошто надлежните државни и општински органи повеќе од 16 месеци не презеле никаква активност околу обезбедување на соодветна заштита од несакани последици?

Социјалдемократскиот сојуз секогаш ќе ги брани и заштитува интересите и потребите на граѓаните и туристите во Охрид. Затоа застануваме во одбрана на мостот на желбите во Охрид“, порача локалнта опозиција во Охрид.

Би можело да ве интересира

Раководството и сите членови на Извршниот одбор на СДСМ поднесоа оставки

А1он

Филипче најави парцијално освежување на тимовите во делот на раководството на СДСМ

А1он

(ВИДЕО) Огњеновиќ: СДСМ поднесе пријава до ДКСК за тендерите од девет милиони евра, заедно со сите докази

Горан Наумовски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Вториот вработен во фирмата со тендри од девет милиони евра поврзан со УБК на Мијалков и уништувањето на опремата, објави СДСМ

Арсовски бара јавно извинување од СДСМ и нагласува дека нема никаква поврзаност со фирмата „Дигитал оне“

Катерина Ѓуровски