Во авганистанската провинција Херат денеска се убиени две жени, фински хуманитарки, соопшти невладината организација Меѓународната мисија за помош, цитирана од француските медиуми.
„Потврдуваме дека две странски хуманитарки, со финско државјанство, членки на екипата на Меѓународната мисија за помош, денеска се убиени во Херат“, се наведува во соопштението на д-р Хејни Мекиле, извршен директор на организацијата, која според британскките медиуми е христијанска организација што има хуманитарни мисии во странство.