Александар Ходаковски еден од лидерите на проруските бунтовници во Украина, во среда во ексклузивен разговор за „Ројтерс“ потврди дека сепаратистите поседуваат противвоздушни ракети, за кои Вашингтон тврди дека се користени за уривање на малезискиот авион.
Висок офицер на баталјонот Восток за прв пат по уривање на авионот, призна дека бунтовниците имаат ракетен состав БУК и рече дека е можно БУК да пристигнал од Русија и дека е вратен назад со цел да се сокријат трагите дека бил на украинска територија.
-Знам дека БУК пристигна од Луганск и ми беше речено дека пристигнува под знамето на Народна Република Луганск. Мислам дека е испратен назад – вели тој и додава дека Украина имала докази дека доброволните борци по грешка на Русија ја имаат таа технологија.
-Знаеја за БУК и дека ќе биде распореден на тоа подрачје, но ја испровоцираа употребата на тоа оружје против авион кој превезуваше цивили – истакна Ходаковски.
Според неговите зборови за несреќата на малезискиот авион се виновни властите во Киев, кои намерно тргнале во воздушен напад во тоа подрачје и покрај тоа што знаеле дека проектилите се подготвени.
Ходаковски кој што е и поранешен службеник на противтерористичката единица „Алфа“ во Доњецк, тврди дека неговиот баталјон никогаш не поседувал БУК, но можело да го има некоја друга бунтовничка формација.
-Нема да речам дека Русите го дале или не тоа оружје. Русија можеби го понудила на барање на некоја потполно локална иницијатива. Доколку јас го сакам БУК и некој ми го понуди нема да го одбијам. Но не би го употребил против некој кој не претставува закана – рече Ходаковски.
За потсетување и американските разузнавачки агенции проценија дека проруските сепаратисти најверојатно по грешка го урнале леталото, без да знаат дека станува збор за патнички авион .
Е. Г.