Лидерот на самопрогласената Доњецка Народна Република, Александер Бородај изјави дека ОБСЕ не им дозволил на проруските сили да ги однесат телата на жртвите на малезискиот авион, поради што тие останале неколку дена на топлина.
-Ние сакавме веднаш да го направиме тоа, но бевме под голем притисок од претставниците на ОБСЕ- рече тој за „BBC“.
Бородеј тврди дека мисијата на ОБСЕ им забранила да допираат што било на местото на несреќата, се додека не пристигнала меѓународната екипа од експерти.
-Чекавме три дена, но експертите не се појавија, се задржале во Киев. Едноставно не беше возможно да ги оставиме телата на температура од 30 степени. Тоа беше апсурдно, нехумано, ноќна мора, филм на страв и ужас- вели тој.
Е. Г.