Меркел се залага за итни економски санкции против Русија

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел се залага за итни економски санкции на ЕУ против Русија, изјави заменик портпаролот на германската Влада, Георг Штрајтер.

Тој истакна дека Меркел, бидејќи Москва „не покажува интерес“ за разјаснување на несреќата со малезискиот авион, ги смета за неопходни брзите европски решенија, додавајќи дека германската канцеларка ги поддржува вчерашните одлуки на шефовите на дипломатии на Унијата за ново заострување на санкциите кон Русија.

На прашањето дали во рамки на санкциите против Москва, на Русите би можело да им се одземе правото за организирање на Светското фудбалско првенство во 2018 година, Штрајтер одговори дека дотогаш има уште четири години и дека „сега постојат поитни проблеми од тоа“.

Би можело да ве интересира

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени

Падна првиот снег

Предраг Петровиќ

Протече планот на Шолц за крајот на војната, офанзивата на Курск ги направи работите многу комплицирани