А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Груевски: Растот на прометот во индустријата покажува дека има сериозно придвижување во економијата

by А1он23/07/2014 - 14:41212
Share0

Растот на прометот во индустријата од 9,5 отсто во мај годинава во однос на истиот месец лани, како и растот од 9,9 отсто во периодот јануари-мај во споредба со истиот период од минатата година покажува дека има сериозно придвижување во економијата.

Следете a1on на Instagram Instagram

Ова го истакна премиерот Никола Груевски во одговор на новинарско прашање по извршувањето увид во градежните активности на автопатот Миладиновци-Штип кај населеното место Средно Коњаре.

– Најголемо зголемување од 36 отсто има кај капиталните добра, но се бележи зголемување и во другите делови. Тоа е уште еден поволен макроекономски тренд кој што кажува дека земјава во овој период има одлични резултати, што значи дека имаме сериозно придвижување во економијата, изјави Груевски.

Тоа е одлично, бидејќи, како што рече, до минатата година во Македонија сериозно се чувствуваа ефектите од европската должничка криза.

Следете a1on на Youtube YouTube

– Сега веќе може да се каже дека годинава тоа сериозно олабавува и доаѓа период на раст и не случајно во првиот квартал од годинава имаме раст од 3,9 отсто на БДП што беше и најголем раст во Европа. Последователно на тоа и прометот во индустријата е доста сериозно зголемен, рече Груевски.

Посочи дека и во идниот период ќе продолжат политиките на стимулирање и помагање на компаниите, зашто, истакна, тие се оние кои отвораат нови работни места.

– Продолжуваме со нашите реформи и чекори кои ќе ја помагаат економијата и отворањето нови работни места, прецизира премиерот Груевски.

vlada

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата потфрли во економијата и ги разочара граѓаните

Горан Наумовски26/05/2026 - 10:25

Нови правила за игрите на среќа: Казината 500 метри од училишта, забрана за апарати во обложувалници

Горан Наумовски12/05/2026 - 19:2412/05/2026 - 19:26

Именувана е новата унгарска влада

Горан Наумовски12/05/2026 - 17:22

Левица: Економската приказна на Владата се распаѓа – ни ребаланс не го спасува буџетот

Горан Наумовски11/05/2026 - 14:3811/05/2026 - 15:01

Влада: Попустот на горивата продолжува до 18 мај

Горан Наумовски30/04/2026 - 20:53

Течниот нафтен гас намален за пет денари за литар

Катерина Ѓуровски23/04/2026 - 13:3323/04/2026 - 14:01
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто