СДСМ: Владата да прогласи елементарна непогода во Преспа

Од:

Делегацијата на СДСМ предводена од заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, се сретна со голем број земјоделци во ресенско – преспанскиот регион, засегнати од синоќешното невреме.

Состојбата во ресенскиот регион е катстрофална.

Штетите на јаболковиот род се меѓу 80 и 100 проценти. Според првичните проценки оштетени се земјоделски површини од околу 3 000 хектари.

Разочарувањето на земјоделците е уште поголемо поради фактот што нема штети само по овогодинешниот род, туку тие ќе се одразат на посевите и родот и во следните три години.

Најчести коментари на луѓето, чиј труд вчера беше збришан од огромните топки град, се зошто не се употребуваат градобијните ракети?

Сите инвестиции и макотрпната работа на земјоделците е падната во вода.

СДСМ ја повикува Владата итно да прогласи елементарна непогода во овој регион и во најкус можен рок да ја надомести штетата на земоделците.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Испрати ли Владата на Груевски барање за екстрадиција на Груевски?

(ВИДЕО) Кузеска: Инфлација 5,7%, празни фрижидери, празни џебови, сиромаштија

Мециновиќ: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ саботираат една изборна единица

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски брза на избори од страв од истрагите што доаѓаат по падот на Орбан

СДСМ: Документите за Груевски во Правда се „институционално“ заглавени или намерно блокирани

Кузеска: Груевски мора да одговара пред законот