Црните кутии од малезискиот авион што се урна со 298 патници и членови на екипажот на истокот на Украина, пристигнаа во Велика Британија, соопшти специјалната истражна комисија на украинската Влада.
– Црните кутии од Боингот 777 пристигнаа во Британија под контрола на ИКАО (Меѓународна цивилна воздушна организација), наведе Комисијата.
Претставници на Малезија ги предадоа вчера црните кутии од летот MH17 на Холандската комисија за безбедност, која ја предводи меѓународната истрага.