Пет руски туристи загинаа, а 30 се повредени при превртување на автобус на автопатот во близина на Солун, соопшти грчката полиција.
Автобусот, кој носел руски туристи до солунскиот аеродром, се излизгал од патот, на 15 километри источно од Солун.
Меѓу повредените е и возачот на автобусот.