Францускиот производител на автомобили Цитроен во првите шест месеци од 2014 година оствари глобален раст на продажбата од седум отсто, во најголема мера благодарение на кинескиот пазар.
Цитроен во првата половина на годината продал 624.000 возила низ целиот свет, а 85 проценти од вкупниот број се испорачани на европскиот и кинескиот пазар.
Кина останува најголем пазар на Цитроен со продадени 160.000 возила.
Најпродавани модели во светот во првите шест месеци е Цитроен Ц3 со 106.000 примероци, а на второ место е новиот Ц4 Пикасо со 69.000 возила.