За 36 дена – 780 нови велосипеди во Центар

Од:

Привршува акцијата на општина Центар, “Цел Центар на Точак“.

Се работи за успешна акција, оцени градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски. Средствата, рече тој, издвоени за оваа година, во висина од 2.500.000 денари се исцрпени за само 36 работни дена и 780 жители на Центар поднесоа барање за субвенции за купување на нов велосипед.

Акцијата ќе заврши со 850 субвенционирани велосипеди во Центар.

“Оваа акција ќе ја продолжиме и наредната година со одвојување повеќе средства од буџетот на општината, со новите 850 велосипеди, 300 ново посадени дрвја, повеќе од 8000 м2 зелени површини, јасно покажуваме дека сакаме чиста и зелена општина Центар“, изјави градоначалникот Жерновски.

Општината и овој пат подготви мали пригодни подароци за оние центарци кои се пријавија во акцијата “Цел Центар на Точак“.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски