Лидерот на проруските активисти Александар Бородај, рано утрово по локално време, ги предаде на малезиските експерти црните кутии на урнатиот патнички авион.
При тоа двете страни во седиштето на самопрогласената Доњецка Народна Република во Доњецк го потпишаа документот, кој Бородај го нарече „протокол со кој се финализира оваа проседура“.
Претставник на Малезискиот совет за национална безбедност, полковникот Мохамед Сакри, изјави дека двете црни кутии се „во добра состојба“.