Тројца странски воени советници и локален авгаистански преведувач загинаа во самоубиствен бомбашки напад во близина на меѓународниот аеродром во Кабул утрово, соопшти полицијата.
Засега не е позната националноста на странските жртви.
Одговорност за нападот презедоа талибанците. Нивниот портпарол појасни дека цел на нашадот била канцеларијата на разузнавањето на еден од контингентите во составот на Меѓународните сили во Авганистан под команда на НАТО (ИСАФ).
Нападот бил извршен во воена зона на аеродромот од напаѓач-самоубиец на мотоцикл, соопшти висок претставник на Министерството за внатрешни работи.