Попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Од:

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Во текот на денот облачноста ќе се зголемува и ќе има локална нестабилност со пороен дожд и грмежи. Нестабилноста ќе биде повеќе изразена во попладневните часови.

На места ќе има изолирана појава на невреме проследена со град и со силен ветер и со силни изразени електрични празнења.

Во вечерните часови ќе има преодно стабилизирање на времето и облачноста ќе се намалува. Преку денот ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, кој на места повремено ќе се засилува.

Утринската температура ќе се движи од 15 до 22, а дневната од 25 до 32 степени. УВ-индексот ќе има вредност 6.

Во Скопје времето попладне ќе биде нестабилно облачно со локален пороен дожд, грмежи и со засилување на ветерот. Утринската температура ќе се спушти до 20, а дневната ќе се искачи до 30 степени.

Во охридско-преспанскиот регион во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и со грмежи. Утринската температура ќе се спушти до 18, а дневната ќе достигне до 27 степени.

Во дојранскиот регион ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд со грмежи. Утринската ќе се спушти до 22, а дневната ќе се искачи до 32 степени.

Би можело да ве интересира

Облачно со врнежи од дожд, ќе дува засилен јужен ветер

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Повремени врнежи и грмежи и засилен северен ветер

Од утре ќе настапи позначителна промена на времето

Утре и во среда локални врнежи од дожд, потоа стабилно со пораст на температурите