Австралиска нафтена компанија може да инвестира 100 милион евра во Романија

Од:

Австралиската нафтена компанија „Еј-Ди-Екс Енерџи“ (ADX Energy) би можела да инвестира околу 100 милиони евра во Романија, тврди весникот „Путерја“.

Компанијата има намера да инвестира во активности за истражување и експлоатација на наоѓалишта на енергенси во западниот романски округ Тајми и се обидува да ги убеди инвеститорите дека Романија ги подржува активностите поврзани со производство на нафта и природен гас.

– Собирањето средства за еден проект за развој на нафта или пририден гас не е лесна работа. Главен проблем е да ги убедиме нашите инвеститори дека Романија е земја која ги подржува активностите поврзани со нафта и гас, потоа работите ќе бидат извршени брзо и ефективно од економски аспект, изјави Пол Финк, техничкиот директор на „Еј-Ди-Екс Енерџи“.

Тој додава дека во зависност од резултатите на истражувачката фаза, инвестицијата на „Еј-Ди-Екс Енерџи“ може да достигнат до 100 милиони евра во период од пет години.

– Нашата стратегија е со помош на најнова технологија да се пронајде нафта, која досега не била забележана, посочи Финк.

„Еј-Ди-Екс Енерџи“ зеде под концесија парцела во регионот на градот Темишвар, каде ќе трага по нафта и природен гас. Компанијата, која е со седиште во австраликсиот град Перт, има дозволи за истражување на јаглеводороди во Европа и Северна Африка.

Би можело да ве интересира

Трамп ќе воведе царини од 25 отсто за земјите што купуваат нафта и гас од Венецуела

Нови цени на горивата

Вучиќ тврди: САД и Британија за неколку дена ќе воведат санкции за српската нафтена индустрија

САД бараат начини да ги намалат приходите на Русија од нафтата

Пад на цената на нафтата

ЈСП Скопје интервентно купило нафта од Пуцко Петрол