Наследникот на Hyundai ix35 се очекува на почетокот на 2015 година

Од:

Актуелниот модел Hyundai ix35 што беше претставен во 2009 година наскоро ќе добие своја унапредена веризија, а корејскиот производител веќе го подготвува неговиот наследник што се очекува во продажба да се најде во 2015 година.

„Хјундаи“ кон крајот на 2013 година еднаш веќе го освежи моделот „их35“ и на тој начин му овозможи уште неколку години да остане конкурентен на пазарот.

Во меѓувреме, компанијата ја развива новата генерација од овој компактен кросовер.

Маскираните прототипи веќе се наоѓаат на патиштата во САД каде се вршат испитувања во реални услови на возење.

На предниот дел на новиот „их35“ ќе има променета маска на ладилникот, што стилски го следи моделот „Санта Фе“ и целосно нов браник. „Носот“ на возилото ќе биде понагласен и засечен под прав агол во однос на хаубата.

Задниот дел од возилото и натаму е целосно сокриен, но и таму се очекуваат значајни промени во дизајнот.

Што се однесува до моторот, актуелната палета треба да биде унапредена така што ќе се намали потрошувачката на гориво и ќе се намали емисијата на јаглерод диоксид. Во понудата се очекува бензинскиот 1.6 ГДи, као и дизелашите 1.7 ЦРДи и 2.0 ЦРДи.

Као и до сега, моторот стандардно ќе биде со предна влеча, додека како опција на купувачите ќе им биде достапен и погонот 4х4.

Новиот „Хјундаи их35“ треба да биде претставен во првата половина на 2015 година, а во продажните салони ќе се најде кон средината на годината.

Би можело да ве интересира

Летечки автомобил би можел да се најде на пазарот до 2020 година

Емир Латифовиќ

„Голф“ најпродавана марка во Шведска, „Волво“ падна на второ место

Емир Латифовиќ

Моделот „Сузуки Свифт“ за 2017 година ќе има пет врати

Емир Латифовиќ

Ford се откажа од фабриката во Мексико во вредност од 1,6 млрд долари

Емир Латифовиќ

Големите и скапи СУВ модели се побарани во 2016.

Емир Латифовиќ

„Ауди“ во Унгарија произведе милион возила и 30 милиони мотори

Емир Латифовиќ