Холандски тим за идентификација на жртвите пристигна во Доњецк

Од:

Тројца претставници на холандскиот тим за идентификација на жртвите, пристигна денеска во Доњецк. Тоа се првите странски претставници, кои доаѓаат на територија под контрола на бунтовниците, за да ја истражат авионската несреќа во реонот, откако малезискиот „Боинг 777“ со 298 лица, од кои две третини Холанѓанаи, се урна таму во четвртокот.

Холанѓаните одбија да дадат какви било детали за своите планови. Претставници на сепаратистите во Доњецк изјавија дека бунтовничките лидери се подготвени да се сретнат со нив и да им помогнат да заминат на местото на падот на авионот или до возото каде се држат телата на некои од жртвите.

Според Сергеј Кавтарадзе, претставник на самопрогласената Доњецка народна република, бунтовниците ќе добијат совети од меѓународните експерти како на пример каде да го испратат возот.

Група малезиски претставници исто така треба денеска да пристигне во Источна Украина.

Би можело да ве интересира

Се урна мал авион во Словенија, најмалку тројца загинати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Инцидент на Хаити: Во авион е пукано при слетување, има и ранети

Горан Наумовски

ВИДЕО: Се запали моторот на авион што полета од Рим

(ВИДЕО) ХУР: Уништен е стратешки руски воен авион

ВИДЕО: Авион се запали пред полетување во Италија, итно евакуирани патниците

Напад во Ротердам: Едно лице е убиено, а друго тешко рането во холандскиот пристанишен град