Дваесет и деветгодишниот Мартен де Јонге од Холандија во тек на изминативе четири месеци два пати ја избегна смртта.
Тој во март имал билет за летот „МХ370“ со авион на „Малезија ерлајнс“, кој мистериозно исчезна, а во четврток требало да патува со авионот, кој што се урна во Украина.
Јогне ја избегнал смртта благодарение на тоа што два пати во последен момент се предомислил и одлучил да го одложи патувањето за неколку дена или да избере поефтин лет.
-Страшно е ова што се случи. Жалам поради жртвите и нивните семејства, но мило ми е што уште сум жив. Многу лесно и јас можев да бидам во тој авион – вели Јонге.
И покрај несреќите на авионите, овој велосипедист се уште планира до крајот на неделава да се врати во Холандија со авион на „Малезија ерлајнс“.
-Два пати имав среќа, сигурен сум дека така ќе биде и третиот пат-рече тој.
Е. Г.