(ВИДЕО) Шилегов: Професионалните дипломати вртат грб на Груевски и Попоски

Од:

Скандал до скандал ја тресе македонската дипломатија откако Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се на власт. Ниту Груевски, ниту министерот за надворешни работи, Попоски, не чувствуваат одговорност да објаснат зошто професионални дипломати и го вртат грбот на власта и одбиваат да ја претставуваат Македонија во светот, рече денеска на прес конференцијата портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.

Повлекувањето на Ненад Колев, дипломат од кариера во МНР, кој за само два месеца требаше да замине амбасадор во Берлин, е второ откажување од амбасадорска позиција за само 5 месеци, додаде тој.

Според него, јасно е како може да гледа Германија на овој непрофесионализам и дилентантизам на македонската дипломатија, ако се земе предвид дека агреманот за Колев е одобрен од земјата пред цели 6 месеци.

Во февруари годинава професионалниот дипломат Никола Димитров одби амбасадорско место во Москва.

Дали професионалците од МНР се срамат од аматерските политики на Никола Груевски и Никола Попоски?

Пред очите на светската јавност секоја година се случуваат по неколку дипломатски скандали, поврзани со официјални претставници на Македонија.

Лани, од приватни причини, екс амбасадорот на Чешка, Игор Илиевски, бегаше во Полска.

Почесниот конзул во Перу, Дејан Атанасовски, нападна граѓани и полицајци.

Преку австралиските медиуми светот дозна за приватните излети на екс амбасадорот во Австралија, Перо Стојановски, кој позајмувал и пари за наводоно лечење. МНР со месеци го толерираше.

Конзулот во Чикаго, Јовица Палашевски, се степал на паркинг и нападнал службено лице.

Власта на Никола Груевски ниту чувствува, ниту презема одговорност. Напротив и натаму амбасадорските места ги третира како награди за послушници.

Во дипломатските претставништва се најдоа и пејачи и манекенки.

Амбасадорка во Белград е невропсихијатарка, без ден работно искуство како дипломат, но поранешна советничка на Груевски, вели Шилегов.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Испрати ли Владата на Груевски барање за екстрадиција на Груевски?

(ВИДЕО) Кузеска: Инфлација 5,7%, празни фрижидери, празни џебови, сиромаштија

Мециновиќ: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ саботираат една изборна единица

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски брза на избори од страв од истрагите што доаѓаат по падот на Орбан

СДСМ: Документите за Груевски во Правда се „институционално“ заглавени или намерно блокирани

Кузеска: Груевски мора да одговара пред законот