Папата загрижен за прогонот на христијаните од Ирак

Од:

Папата Францис изјави денеска дека е загрижен поради христијаните кои биле присилени да побегнат од Мосул, втор по големина град во Ирак, во кој тие со векови живееле.

Поглаварот на Римокатоличката црква во својот традиционален благослов рече дека ќе се моли за ирачките христијани кои се „прогонети, принудени да ги напуштат домовите без можност било што да понесат со себе“.

Христијаните оваа седмица го напуштија Мосул откако им е даден ултиматум да преминат во ислам, да платат данок или ќе се соочат со смрт. Тоа беше последниот егзодус на христијаните од тој град во кој нивната заедница датира од првите векови на христијанството.

Францис исто така повика на дијлог во решавање на оружените судири ширум светот, посебно на Блискиот Исток и Украина, истакнувајќи дека насилството не може да се совлада со насилство. Насилството се совладува со мир, рече папата.

Би можело да ве интересира

Ватикан ги откри најновите информации за здравствената состојба на папата

Ана Ололовска

Папата им ги изми и бакна нозете на 12 млади затвореници

Ана Ололовска

Ватикан: Папата Франциско има тешка настинка

Ана Ололовска

Папата Франциск го осуди насилството во Израел и на Западниот Брег, повика на дијалог и потрага по мир

Ана Ололовска

Папата: Хомосексуалноста не е кривично дело, сите сме Божји деца

А1он

Италијанската премиерка во прва официјална посета на папата Франциск

Ана Ололовска