(ВИДЕО) СДСМ: Лошите оценки од матурата се на власта, не на учениците

Од:

Резултатите од годинешната државна матура само ги потврдија лошите образовни политики. Просекот 3, што се провлекува и годинава, покажа дека зголемениот број тестови не носи повеќе знаење. Носи само зголемен стрес. Идните студенти се дел од експеримент, не од обмислен проект што треба да ги подготви за следните предизвици, рече Дина Спировска, член на Извршниот одбор на СДММ.

Голготата на учениците од завршната четврта година, почна на зимскиот распуст, во јануари, со полагање два предмета во рамки на екстерното тестирање. По три месеци, во април, следуваше првиот дел од обврската државна матура, проектна задача, додаде таа.

Во продолжение целата изјава од прес конференцијата:

Пеколен беше, следниот месец, мај.

4 предмети за полагање матура!

Паралелно со тоа годишни тестови, испрашувања, по 15 предмети од годината што го заокружува нивното средно образование.

Значи за 5 – месеци 7 испити, плус тековни тестирања.

Дали сега некому му е чудно што резултатот од државната матура е тројка?
Запишувањето на факултет допрва следува.

Некогаш најдолгото лето за идните студенти, за оваа генерација матуранти, е нивното најстресно лето.

Ако нешто и успеа на власта на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, тоа е целосно да ги разочара младите.

Додека тие тераат инает со нивните реформи, нова група на матуранти размислува да запише студии надвор од Македонија.

Би можело да ве интересира

СДСМ бара итна смена на Стоилковиќ: Го обвини за учество во кампања за Вучиќ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Нивниот став личи како да е дојден од некоја испорака од „Али експрес“, Мицкоски за обвинувањата од опозицијата

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус