Репрезентациите на Бразил и на Соединетите Американски Држави ќе играат во завршниот натпревар од јубилејното 25.то издание на Светската лига во одбојка. Почетокот на финалето е закажан за вечерва во 20 часот и 30 минути.
Претходно во дуелот за третото место ќе се сретнат селекциите на Иран и на Италија. Мечот за бронзените медали стартува во 17 часот и 30 минути.
Ова е епилогот по полуфиналните натпревари на кои Американците го победија Иран со 3-0 во сетови 25:18; 25:22 и 25:16, додека Бразил беше поуспешен од Италија со исто така со 3-0 во сетови 25:11; 25:23 и 25:20.
Домаќин на завршниот турнир на елитното одбојкарско натпреварување е италијанскиот град Фиренца.