Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
На граничниот премин Богородица патничките возила за излез од државата се задржуваат околу 30 минути, информира АМСМ.
На останатите гранични премини има зголемена фреквенција на возила, но нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Напомена дека оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.
За влез во Грција преку Богородица, кај грчките служби, според патници кои утрово патувале кај јужниот сосед се чека и повеќе од еден час.