Јанкулоска – Дачиќ: Соработката меѓу Македонија и Србија е добра

Од:

Односите меѓу Македонија и Србија се добри, а тие како соседи се насочени еден кон друг поради што е неопходно да се прошири меѓусебната соработка и да се покренат нови иницијативи, оцениле македонската министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и српскиот премиер Ивица Дачиќ на денешната средба во Сараево, одржана на маргините од меѓународната конференција за борба против сајбер криминалот на Балканот.

Јанкулоска посебно го истакнала значењето на прекуграничната соработка, особено можноста граѓаните на двете земји да ја минуваат државната граница само биометриска лична карта.

„Денес посебен акцент ставивме на продлабочување на прекуграничната соработка и верувам дека во многу брзо време со иницијативите за кои разговаравме дополнително ќе се олесни протокот на луѓе и стока преку границата, бидејќи врз основа на податоците кои ги разменивме очигледно иницијативата за минување на границата само со биометриска лична карта беше добра која значеше дополнителен импулс за зголемување на бројот на патници кои ја поминуваат државната граница“, нагласи министерката за внатрешни работи.

Добрата соработка меѓу Македонија и Србија ја потврдил и Дачиќ.

„Во изминатите години се трудевме да развиваме добри односи, ја унапредивме правната регулатива, потпишавме повеќе спогодби кои се во интерес на нашите граѓани и на заедничката борба против криминалот“, изјавил српскиот премиер.
Србија и Македонија, според Дачиќ, во наредниот период треба да се насочат на отворање нови гранични премини и на натамошна борба против криминалот и корупцијата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Петардите не се играчка, оставаат последици и строго се забранети, предупредува МВР

Прекршочна постапка против градоначалникот на Струга за неупотреба на државното знаме

Систем „Безбеден град“: Излезот кон Тетово и Пластичарска – најризични делници во главниот град

А1он

Пријава за Џејла Рамовиќ, настапувала без дозвола во клуб во кичевско

СДСМ: Зошто МВР на Тошковски дозволило да се случи концертот на Аца Лукас

Од 15 ноември задолжителна е зимска опрема, потсетува МВР