Кипар денеска ја одбележуав 40-та годишнина од воена интервенција на Вооружените сили на Турција, која доведе до поделба на островот на грчки и турски дел, јави ИТАР-ТАСС.
Годишнината се одбележува со црковни богослужби во помен на загинтите и со протестни митнизи во јужниот грчки дел на Кипар, и со воена парада во северниот турски дел.
Кипарските Грци 20 јули го сметаат за „ден на национална трагедија, додека за островските Турци тоа е „празник на мирот и слободата“, во чие чествување годинава ќе учествува и турскиот претседател Абдуула Ѓул.
На 20 јули 1974 година околу 30.000 турски војници се истоварија на Кипар, како одговор на воениот удар извршен пет дена порано од страна на кипарската армија со подршка на воената хунта во Атина, со цел припојување на островот кон Грција.
За кусо време турските сили успеаја да преземат контрола на 38 проценти од територијата на Кипар, на кои денеска се наоѓа Турската Република Северен Кипар, која единствено е призната од Анкара.
Конфликот, во кој загинаа над 3.000 Кипарци, а 1.400 се уште се водат како исчезнати, заврши на 18 август. По прекинот на огнот околу 200.000 кипарски Грци беа принудени да се преселат во јужниот дел на осторвот, а околу 40.000 Турци во северниот.
Обидите за надминување на кризата со поделениот Кипар што започнаа во 1975 година, до денес не вродија со решение.