Портпаролот на Советот за безбедност на Украина изјави денеска дека црните кутии на малезискиот „Боинг 777“, што се урна во Источна Украина, не се предадени на Киев и тој не располаг со информација за нив.
– Нема информација за црните кутии. Ниту една од нив не е предадена на украинската страна, изјави Андриј Лисенко.