Најмалку девет лица загинаа, а 40 се повредени, кога повеќе автобуси се судриле на автопат во близина на Дрезден, на истокот на Германија, соопшти денеска полицијата.
Според полицискиот портпарол Лука Золнер, сударот се случил околу два часот по полноќ по локално време, и во него учествувале полски автобус, украински автобус и полски минибус.
Тој засега не изнесе детали за националноста на жртвите.