Командант на проруски бутновници: Уривањето е наместено, луѓето веќе биле мртви

Од:

Врховниот командант на проруските бунтовници во источна Украина Игор Гиркин, изнесе бизарна верзија за падот на малезискиот авион, односно дека е можно жртвите да биле мртви пред полетување на авионот.

Порталот„Рушкаја Весна“ кој што ги подржува бунтовниците пренесе дека Гиркин рекол дека луѓето кои биле на местото на несреќата му рекле дека „телата кои што се пронајени се во фаза на распаѓање и дека во нив немало крв“.

Авионот „Боинг 777“ на „Малезија ерлајнс“ се урна во четврток во Украина во област каде што војуваат украинските сили со сепаратистичките бунтовници, при што загинаа сите 298 патници и челнови на екипажот. Гиркин кој е познат како Стрелков и кој наводно е поранешен агент на руската воена разузнавачка служба, вели дека не може да ја потврди таа информација.

Меѓутоа тој на веб страната која ја користат сепаратистите напишал „ве предупредивме да не летате на нашето небо“, но набргу по уривање на малезискиот патнички авион пораката е избришана.

Тој вели дека во остатоците од авионот се пронајдени големи количини серум и лекови.

Тоа не би требало да не изненади , бидејќи како што веќе е објавено во авионот имало голем број научници кои тргнале на Меѓународна конференција за сузбивање на ХИВ во Мелбурн, Австралија.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио

НАТО: Се подготвуваме за „прецизни удари“ ако дојде до војна помеѓу нас и Русија

Лондон воведе санкции за уште 30 руски бродови кои помагаат да се заобиколат западните ограничувања

Русите се подготвуваат за нов напад на Запорожје

(ВИДЕО) Авион се запали при слетување во Анталија, сите 79 патници се безбедно евакуирани

А1он