Кипарскиот претседател Никос Анастасијадис изјави денеска по повод 40-годишнината од турската инвазија островот, дека не треба да се дозволи поделбата на Кипар да остане постојана, јави ИТАР-ТАСС.
– Турскиот вооружен упад е трагичен настан, што ја смени историјата на земјата. Прогонувањето на грчкото население од окупираните територии, претворањето на северниот дел од островот во исклучиво кипарско турски, создаде во Кипар нова реалност, рече Анастасијадис.
Тој истакна оти постои ризик создадената ситуација да се претвори од времена во постојана и да доведе до „неповратна поделба на Кипар“.