(ВИДЕО) Шиповиќ контра ставот на СДСМ

Од:

Претседавачот со Советот на Општина Центар Мирослав Шиповиќ не го поддржа предлогот на градоначалникот Андреј Жерновски да се повлечат спорните ДУП-ови од дневниот ред.

При гласањето 11 советници на СДСМ и коалиционите партнери гласаа ЗА, а 11 на ВМРО-ДПМНЕ против повлекувањето на плановите од дневниот ред.

Шиповиќ остана воздржан со што помогна и овозможи плановите за Тасино чешмиче и Капиштец-Водно да останат во игра и да бидат изгласани.

Шиповиќ не го поддржа ни предлогот на СДСМ за повлекување на спорните дупови поради кршење на Деловникот, односно недоставените материјали во законски предвиден.

Мирослав Шиповиќ овозможи плановите, меѓу кои и ДУП-от Тасино чешмиче 1 за изградба на десеткатница на Водно, да останат на дневен ред и ја остави можноста тие да бидат изгласани.

Тој заедно со советниците на ВМРО-ДПМНЕ гласаше за да остане дневниот ред што е во спротивно со ставот на СДСМ чии 11 советници гласаа против дневниот ред.

Би можело да ве интересира

Горан „бетоњерка“ Герасимовски го турка планот за „Барутана“ на Водно: Чии интереси штити?

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец