Израел денеска најави дека својата дипломатска мисија во Турција ја сведува на „неопходниот минимум“ по насилните пропалестински протести, поврзани со јавните критики кон еврејската држава во Анкара.
Израелското Министерство за надворешни работи соопшти дека турската полиција не им обезбедила соодветна заштита на израелската Амбасада во Анкара и на Конзулатот во Истанбул.
Министерството во Тел Авив смета дека тоа претставува „флагрантно кршење на дипломатските регулативи и затоа семејствата на дипломатите се враќаат дома“.