Израелската армија синоќа започна копнена офанзива против палестинските екстремисти во Појасот Газа.
Израелската одбранбена армија соопшти дека ја проширува десетдневната операција „Заштитен раб“.
Во соопштението се наведува дека операцијата е одговор на продолжените прекугранични ракетни напади и дека има за цел да зададе значителен удар на Хамас, што го контролира Појасот Газа.
Израелската армија претходно ги предупреди жителите на Појасот Газа да ги напуштат своите домови и да се евакуираат од помалите населени места во поголемите градови на палестинска територија.