Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Љупчо Георгиевски и градоначалникот на општина Вевчани Цветомир Угриноски денеска ќе го пуштат во употреба осветлувањето на крстосницата кај влезот на Вевчани во местото викано Суво Поле.
Проектот, според Угриноски, ќе се обезбеди целосно осветлување и зголемување на безбедноста кај клучката спрема Струга, Лабуништа и Дебар.
– Суво Поле е битно за цел Дримколски регион, бидејќи раздвиженоста е голема. Тука има две автобуски сатници за Струга и Дебар. Со осветлувањето на клучката ќе се обезбеди поголема безбедност за граѓаните и можност да патуваат во подоцните часови, смета Угриноски.
Осветлувањето на клучката непосредно пред порта „Вевчани“ е дел од проектот „Осветлување на клучки и крстосници во Република Македонија“ во рамки на владината програма за периодот 2014-2018 година.