ВИДЕО: Новинар со песна и го честита роденденот на Меркел

Од:

Една од водечките личности на меѓународната политичка сцена, германската канцеларка Ангела Меркел денеска го слави 60-от роденден.

Сакајќи да и го честита роденденот, новинарот на германската телевизија ЗДФ во тек на конференција за новинари во Брисел, станал и започнал да ја пее традиционалната роденденска песна.

-Пред да поставам прашање, а мислам дека зборувам во име на сите присутни, сакам да ви посакам се најубаво за роденденот-рекол новинарот и започнал да пее.

Иако не се надевал, неговите колеги поради шега, не му се придружиле, па затоа сам ја испеал песната.

-Требаше да пеам со вас, подобро ќе беше-истакна канцеларката пред да му се заблагодари.


Е. Г.

Би можело да ве интересира

Германско државјанство нема да добијат оние кои објавуваат: „Израел е убиец на деца“

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени

Падна првиот снег

Предраг Петровиќ