(ВИДЕО) Шилегов: Шиповиќ потврди дека е под невиден притисок од власта

Од:

Власта на ВМРО – ДПМНЕ утре ќе се обиде насилно да ги врати криминалните урбанистички планови, рече на прес конференција портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.

Доколку советниците утре го изгласаат ДУП-от Тасино Чешмиче 1, тоа ќе значи додадено 420.000 м2, или половина милијарда евра во нечиј џеб.

Ова, рече Шилегов, дополнително ќе го уништи зеленилото на Водно.

Праша, доколку се изгради новиот хотел на десет ката, кој ќе понесе одговорност доколку има човечки жртви?

„Претседавачот на Советот на општина Центар, Мирослав Шиповиќ на вчерашната средба со раководството на СДСМ изјави дека е под невиден притисок на власта и мора, за да остане на слобода, да гласа за донесување на трите ДУП-а. Ставот на СДСМ и коалициските партнери е дека ќе се спротивстават на дивеењето на урбаната мафија. Не може нечии интереси да бидат поважни од безбедноста и интересите на граѓаните“, изјави Шилегов.

Шилегов не одговори конкретно на прашањето дали доколку Шиповиќ гласа позитивно за ДУП-овите ќе биде исклучен од партијата и сменет од местото претседавач на Советот. Тој рече дека треба да се почека исходот од утрешната седица.

Во СДСМ, рече тој, нема раскол бидејќи шпекулации се написите во некои медиуми дека освен Шиповиќ и други советници ќе гласаат за спорните ДУП-ови.

Постапката за избор на претседател на општинската организација на СДСМ Центар е статутарна активност, мандатот на Шиповиќ му бил истечен минатата година, но досега не била отоворена постапка за избор на нов претседател на ОО СДСМ Центар, бидејќи Шиповиќ беше во осум месечен притвор.

Би можело да ве интересира

Запалени возила низ Скопје, ноќеска гореше и во Кисела Вода и кај Зелен пазар

Катерина Ѓуровски

Деца во градинка во Центар пронашле наркомански шприц во дворот, ја кршеле иглата и се гребеле

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Општина Центар пропаѓа, Герасимовски и Филипче позираат пред евтини шминка мурали на запуштени згради

Во Центар изгореа четири возила

Герасимовски: Во центар сигурно победуваме

Починат маж е пронајден во стан во Скопје, истрагата е во тек