Напад врз меѓународниот аеродром во Кабул

Од:

Експлозии и истрели се слушаат во регионот на меѓународниот аеродром во авганистанскиот главен град Кабул, а над објектот што го користат и цивилни и воени лица, се крева црн чад.

Нападот бил извршен од неколку десетици вооружени мажи, кои навлегле на негова територија и почнале престрелка со припадниците на обезбедувањето, откако претходно имало неколку експлозии, предизвикани од бомбашки-самоубијци.

Според авганистански претставници, напаѓачите сепак не биле на територијата на аеродромот, туку окупирале две новоизградени згради на 700 метри северно од аеродромскиот комплекс и оттаму почнале да стрелаат со автоматско оружје и рачни противтенковски гранати врз аеродромот и врз ловците на мултинационалните сили ИСАФ, кои прелетувале над Кабул.

Двајца од напаѓачите се ликвидирани од силите за безбедност, изјави генералот од авганистанската армија, Афзал Аман

Засега не е евидентирана материјална штета врз аеродромот. Неколку ракети паднале во делот на аеродромот, но ниту еден авион не е оштетен.

Во меѓувреме талибанците презедоа одговорност за нападот врз аеродромот во Кабул.

– Одреден број наши борци со тешко и лесно оружје го нападнаа меѓународниот аеродром во Кабул и според првичните информации непријателот настрадал во нападот, а интенвизните судири продолжуваат, изјави портпаролот на авганистанските талибанци Забиула Муџахид.

Летовите од Кабул се пренасочуваат кон други аеродроми, кој се користи за цивилни летови и за летовите на силите на НАТО во Авганистан.

Би можело да ве интересира

„Волстрит журнал“: САД и Талибанците преговараат за размена на затвореници

Горан Наумовски

Талибанците имаат нова забрана за жените

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски