„МозАРТ груп“ од Полска на Охридско лето

Од:

Во предворјето на црквата „Света Софија“ вечер, во рамки на „Охридско лето“, концерт ќе одржи ексклузивниот гудачки квартет „МозАРТ груп“ од Полска.

Членовите на квартетот свират музика од класичниот репертоар, но на сосема поинаков начин. Нивната изведба е мешавина од музика, театар и движење, а со уникатниот хумор кој го поседуваат, квартетот се сместува во еден од најинвентивните забавувачи во светот.

Концертот насловен „Моцарт е се уште жив“, е во соработка со Полската амбасада во Република Македонија.

– Неколку години соработуваме со Полската амбасада во земјава. Минатата година плод на нашата соработка беше концертот со еден од најславните композитори на денешницата Кшиштоф Пендерецки. Оваа година исто така најавуваме незаборавен концерт и ги покануваме сите љубители на музиката вечер да бидат дел од овој необичен настан кој со сигурност нема да ги остави рамнодушни, изјави селекторот на фестивалот Гордана Јосифова-Неделковска.

Активноста „МозАРТ груп“ почнува пред околу 20 години. Оттогаш неговите членови одржуваат успешни настапи низ целиот свет, Европа, Канада, САД, Азија.

Досега имаат одржано повеќе од 3.000 концерти на четири континенти во светот, а нивниот професионализам и талент го потврдуваат и големиот број национални и интернационални награди, вклучувајќи ја и специјалната награда од Министерството за култура на Република Полска за исклучителни достигнувања и 15 години постоење на сцената.

Само овој месец квартетот гостува во четири Европски земји (вклучувајќи ја и Македонија), а веќе следниот заминува на турнеја во САД, Азија и Европа.

Концертот почнува во 21 часот.

Би можело да ве интересира

Француска вечер 17 години присутна на „Охридско лето“

На „Охридско лето“ промоција на книгите „Радио“ и „Неправилен ритам“ од Љупчо Јолевски

На „Охридско лето“ вечерва симфонискиот оркестар од Црна Гора и нашата пијанистка Нина Костова

Предраг Петровиќ

Отворено 64. издание на фестивалот „Охридско лето“

„Охридско лето“ на годинешното Генерално собрание на Европската фестивалска асоцијација

Поповиќ: Со одобрените 30 милиони денари од Министерството за култура ќе реализираме квалитетна програма