Лидерите од БРИКС денеска во главниот град на Бразил, Бразилија ќе се сретнат со лидерите на државите од Јужна Америка.
Бразилската претседателка Дилма Русеф на средбата со партнерите од БРИКС (Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка) ги покани сите јужноамерикански колеги. На средбата ќе учествуваат претседателите на Чиле, Мишел Бачелет, на Еквадор, Рафаел Кореа, на Колумбија, Хуан Мануел Сантос, на Венецуела, Николас Мадури и на Аргентина, Кристина Кирхнер.
Лидерите на БРИКС синоќа најавија формирање на нова банка за развој со капитал од 50 милијарди долари, како и резервен фонд од 100 милијарди долари за итни случаи.