Хашки суд: Холандија е виновна за смртта на 300 луѓе во Сребреница

Од:

Судот во Хаг изрече пресуда според која Холандија е виновна за смртта на повеќе од 300 жртви во геноцидот во Сребреница. Во пресудата се истакнува дека холандските мировни трупи не го заштитиле бошњачкото население кое се наоѓало во оваа енклава под заштита на Обединетите нации.

„Холандија е одговорна за загубата што ја претрпеа членовите на семејствата кои босанските Срби ги депортираа од заштитената енклава во Поточари во 1995 година“, стои во пресудата.

Сепак, ова е само делумна сатисфакција за околу 8.000 жители на Сребреница, кои во тужбата пред граѓанскиот суд во Хаг ги обвинија холандските „сини шлемови“ дека не ги презеле соодветните чекори за да го спречат масакрот, во кој беа убиени повеќе од 8.000 луѓе.

Со пресудата се прифаќа одговорност за само 300 од овие загубени животи.

Обединетите нации ја прогласија Сребреница за безбедно подрачје за цивили во 1993 година. Но по две години опсада, енклавата ја зазеде Ратко Младиќ со неговите трупи, по што илјадници бошњаци побараа заштита во Поточари, каде беа сместени холандските мировници.

Мировниците предале во рацете на војската на Република Српска повеќе од седум илјади мажи и деца, кои биле убиени.

Би можело да ве интересира

Напад во Ротердам: Едно лице е убиено, а друго тешко рането во холандскиот пристанишен град

Резолуција за геноцид повторно „затропа“ на црногорската врата

Предраг Петровиќ

Адвокатката на Северина: Ја испрашувале за Сребреница, не го продолжила патувањето затоа што не се чувствувала безбедно

ЕУ: Нема место меѓу нас за оние кои го негираат геноцидот во Сребреница

Горан Наумовски

Битка за Сребреница: Милош Вучиќ ќе биде кандидат на просрпските партии за градоначалник

Предраг Петровиќ

Хрватска по одлуката на Црна Гора: Ја обезвреднувате Резолуцијата за геноцидот во Сребреница