Дали сте слушнале за т.н. тандемско доење? Една мајка блогерка изрази воодушевување до сите мајки, кои ги дојат двете деца на различна возраст во исто време.
– Мајките, кои одлучиле да ги дојат двете деца истовремено се посебен вид, пишува Дениз Кортез. – Тоа не е за оние со слабо срце, тоа е сигурно!, додава таа.
Таа вели дека доењето на само едно дете е доволно голем предизвик и дејстува застрашувачки, но истакнува дека со искуството се стекнува самодоверба при доењето и оти мајките тогаш сфаќаат колку овој чин е посебен и важен.
– Кога станав мајка бев опседната со доењето, беше неверојатно и буквално се навлеков на него. Врската која ја изградив со сите свои деца додека ги доев е повредна од сите маки што ги претрпев, признава оваа мајка блогерка.
Меѓутоа дури и на вљубениците во доењето хранењето на две деца на различна возраст истовремено е голем предизвик.
Сепак Кортез нагласи дека мајките, кои се во состојба да го надојат своето двегодишно синче и своето новороденче заедно се вредни за воодушевување.
– Само напред мајки, порачува таа.