Израел се закани, на мета куќи на Хамас

Од:

Израелската војска испрати телефонски пораки како предупредување за евакуација на повеќе од 100.000 жители, во два дела на Газа.

Во новите израелски воздушни и тенковски напади, се убиени неколку лица со што бројот на жртви во израелската офанзива во појасот Газа достигна 204, наведуваат палестински извори.

Во првите напади утрово на мета беа куќите на високи одицијални лица на Хамас, вклучувајќи го и Махмуд ал Захар, но нема извештај за жртви.

По шестчасовна пауза, војската вчера ги обнови нападите на појасот Газа, која следи бидејќи Израел еднострано го прифати египетскиот предлог за прекин на огнот, а Хамас го отфрли.

Синоќа палестински официјални лица ги критикуваа египетските напори за постигнување прекин на огнот, тврдејќи дека посредниците во потполност го игнорирале Хамас, а портпаролите на Хамас и исламскиот Џихад, египетската иницијатива ја означија како капитулација.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

За Бајден случувањата во Газа не се геноцид

Меѓународниот суд на правдата во Хаг бара апсење на Нетанјаху и на шефовите на Хамас

Израел тврди дека не е вмешан во смртта на Раиси

Хамас, Хути и Хезболах му изразија сочувство на Иран: Ни беше голем брат

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Израел напаѓа бегалски кампови во Газа

Ганц: Нетанјаху го одби советот порано да влезе во Рафах

Горан Наумовски