Со молотви коктели и камења е нападната американската амбасада во Kаиро.
Иако полицијата се обидува да ги растера демонстрантите со солзавец, ситуацијата е вон ктрола – јавуваат репортери на Си Ен Ен.
На градскиот плоштад Тахрир повредени се најмалку 13 демонстранти и 6 полицајци, потврдија египетските власти.
Од вчера илјадници луѓе се излезени на улиците на Каиро извикувајќи анти-американски слогани. Протестите добија силен замав и денеска.
Како што потврдија од Египетското министерство за внатрешни работи, по нападот на амбасадата со молотови коктели и камења, биле запалени две полициски комбиња и едно возило. Полицијата уапси четри демонстранти.
Полицијата успеала да ги протера демонстрантите кон Тахрир плоштадот и да ги оддалечи од амбасадата на САД. Во меѓувреме египетскиот претседател ги осуди протестите и насилството пред амбасадата, но го осуди и анти-муслиманскиот филм кој го навредува пророкот Мухамед.