САД и Кипар почнаа заеднички маневри во Средоземно Море

Од:

Во морскиот реон меѓу Кипар и Либан денеска почнува воената вежба „CYPUSA“ во која учествуваат припадници на воените воздухопловства и морнарици на САД и Кипар, објави атинскиот весник „Вима“.

Во вежбата, во која ќе се вклучи и Шестата американска флота, главна цел е постигнување поголема координација меѓу единиците при сериозни инциденти со трговски и патнички бродови, како и при хуманитарни операции.

Кипар и САД по вторпат учествуваат во ваква поморска воена вежба. Првата тоа беше во текот на април годинава и на неа учествуваа и единици од Грција и Израел.

Вашингтон особено значење им придава на овие маневри заради тензичната ситуација во регионот на Блискиот Исток, забележува грчкиот весник.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија