„Опел“ гради центар за развој и тестирање мотори на иднината

Од:

Компанијата „Опел“ во своето седиште во германскиот град Риселсхајм почна нов градежен проект. Компанијата, имено, има намера во овој град да вложи 210 милиони евра за изградба на нов центар за развој и тестирање на почисти мотори.

Комплексот згради, од кои највисоката ќе има седум ката, ќе биде изграден во југозападниот сектор на меѓународниот техничко-развоен центар (ИТДЦ) на „Опел’, а од 2017 година инженерите и техничарите во овој објект ќе развиваат погонски агрегати на иднината.

Новиот центар, исто така, ќе послужи како база за 43 платформи за тестирање на перформансите на најновите генерации мотори.

Проектот за изградба е дел од инвестицијата најавена во 2013 година, во рамки на која 230 милиони евра се наменети за новата хала за развој и тестирање во ИТДЦ центарот како и за тест-центарот Родгау-Дуденхофен. Најголемиот дел, од 210 милиони евра, се вложуваат во Риселсхајм.

Комплексот ќе зазема површина од околу 13.000 квадратни метри , а ова је најголемата инвестиција во градот во кој се наоѓа седиштето на „Опел“ уште од отворањето на новиот производен погон во 2002 година.

Би можело да ве интересира

Летечки автомобил би можел да се најде на пазарот до 2020 година

Емир Латифовиќ

„Голф“ најпродавана марка во Шведска, „Волво“ падна на второ место

Емир Латифовиќ

Моделот „Сузуки Свифт“ за 2017 година ќе има пет врати

Емир Латифовиќ

Ford се откажа од фабриката во Мексико во вредност од 1,6 млрд долари

Емир Латифовиќ

Големите и скапи СУВ модели се побарани во 2016.

Емир Латифовиќ

„Ауди“ во Унгарија произведе милион возила и 30 милиони мотори

Емир Латифовиќ