СДСМ: Шлаканицата од Нуланд е за Никола Груевски

Од:

„Jалови се сите обиди на Никола Груевски, преку медиумите под негова контрола, да го оправда општо изразениот став на меѓународната заедница, дека власта на Груевски е најодговорна за искомплицираните состојби во државава на политички и меѓуетнички план.

Американскиот помошник државен секретар за европски и евроазиски работи, Викторија Нуланд вчера се сретна лично со Никола Груевски и со неговиот коалициски партнер, лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Самата Нуланд, во изјава по средбата со Груевски соопшти дека побарала политичка и меѓуетничка хармонија за просперитетна Македонија.

Шлаканицата од Нуланд е за Никола Груевски.

Груевски, не ја разбира, или, што е поверојатно, не сака да ја разбере, пораката Нуланд, како што тој го направи тоа со пораката на Штефан Филе“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Две години на економски неуспех, лажни ветувања и изолација

СДСМ: Власта си игра со фотелји додека граѓаните се соочуваат со поскапувања

СДСМ: Мицкоски ја води Македонија во маратон на сиромаштијата

А1он

СДСМ: Колку платија граѓаните за прославата на ВМРО во Струмица?

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ ја повика СДСМ веднаш да закаже јавна расправа за Законот за игри на среќа

(ВИДЕО) Борозан: Поддршка за ранливите, самохраните родители, лица со попреченост и жртвите на насилство