Ердоган го обвини Израел за „државен тероризам“

Од:

 Турскиот премиер Реџеп Таjип Ердоган денеска го обвини Израел за „државен тероризам“ поради нападите врз Појасот Газа и за  „масакр“ на палестински жители.

– До кога светот ќе молчи пред државниот тероризам, изјави Ердоган во неделното обраќање пред пратениците од неговата Партија на правдата и развојот. Тој исклучи какво било нормализирање на односите на Турција со Израел, додека таа земја ја продолжува агресијата врз Газа.

Според Ердоган, Израел се однесува како разгалено дете и сее смрт меѓу Палестинците. Тој го осуди „недејствувањето“ на меѓународната заедница во врска со израелската воена операција, во која загинаа 192 лица.

– Вие не сте сами и никогаш нема да бидете сами, им порача Ердоган на Палестинците, најавувајќи дека Турција ќе продолжи да испраќа хуманитарна помош за Газа.

Би можело да ве интересира

Херцог го осуди Хамас за „ужасно“ кршење на договорот за прекин на огнот

Хамас: Телото на Шира било распарчено откако очигледно било помешано со други тела под урнатините

Горан Наумовски

Хагари: Припадниците на Хамас ги убиле децата заложници Ариел и Кфир Бибас „со голи раце“

Израел: Хамас сериозно го прекрши договорот, ова не е тело на мајката на двете момчиња

Иран се закани со трет бран ракетни напади врз Израел во „соодветно време“

Горан Наумовски

Хамас најави ослободување на шест израелски заробеници