Македонски доктори на доедукација во Љубљана

Од:

Почнувајќи од септември на доедукација ќе биде испратена првата група македонски доктори кои ќе бидат вклучени во работата на сите клинички оддели во Универзитетскиот медицински центар во Љубљана.

Ова е договорено во рамки на работната посета на министерот за здравство Никола Тодоров на Словенија. Тодоров вчера се сретна со менаџерскиот тим на Универзитетскиот медицински центар во Љубљана, медицинскиот директор проф. д-р Сергеј Хоркеј и со генералниот директор Симон Врхунец.

Медицинскиот центар во Љубљана е најголема болница во Словенија, една од најголемите во регионот со повеќе од 100 илјади болнички пациенти и повеќе од 750 илјади амбулантски лекувања на годишно ниво, во сите медицински специјалности.

Како што информира денеска Министерството за здравство, на средбата договорени се неколку клучни аспекти на соработка, како реализирање едукации на наши доктори во Медицинскиот центар во Љубљана од сите области во медицината, како и повеќемесечен стручно-научен престој на професори од овој Медицински центар во Република Македонија и престој на нивни доктори и професори за воведување нови методи и техники кај нас.

На средбата, како што се наведува, договорено е и потпишување заеднички Меморандум за соработка во областа на здравството.

Министерот Тодоров денеска работната посета ја продолжува во Франкфурт, Германија. Планирани се посети на повеќе врвни здравствени установи, меѓу кои Универзитетска болница во Франкфурт, клиниката Хајдекреис со болниците во Солтау и Валсроде, каде ќе бидат потпишани меморандуми за соработка во областа на здравството.

Би можело да ве интересира

Смртноста на државна кардиохирургија бара јасни одговори

Предраг Петровиќ

Бесплатно советувалиште во Центар за дојка

„Крварев и умирав од болки“ – медицинска сестра сведочи за голготата која ја минала во три болници

Катерина Ѓуровски

Левица: Европската Комисија потврди дека граѓаните сѐ уште се заложници на коруптивен здравствен систем

Горан Наумовски

Алиу: Градиме здравство што одговара на потребите на граѓаните

Алиу: Не градиме само објекти, туку посилен и похуман здравствен систем