Јужноафриканскиот олимпиец, Оскар Писториус кому му се суди поради убиство на неговата девојка Риве Стенкемп, се огласи на својот профил на „Твитер“, од што лесно може да се заклучи дека епсихички потполно скршен.
Тој во недела попладне со големи букви напиша дека „Господ е со оние со скршени срца“ а подоцна истата објава ја избриша.
Своите неделни активности на „Твитер“, Писториус ги заврши со објава на фотографија, на која со прст покажува на цитат од книгата на австрискиот психијатар Виктор Франкл, кој што го напишал додека бил затвореник во Аушвиц.
Станува збор за делото „Човековото трагање по смислата“ во која ги опишува своите тешки искуства од нацистичкиот логор.
Инаку Писториус последен пат на социјалната мрежа „Твитер“ беше активен во февруари на Денот на вљубените и тогаш објави линк од писмо, во кое ја изрази својата болка и тага поради смртта на својата девојка.
Инаку ателтичарот цело време тврди дека случајно ја убил, бидејќи мислел дека таа е крадец кој ноќта влегол во неговата куќа.
Е. Г.