Во Кина ќе се одржи натпревар во хакирање на моделот „Тесла С“, а тој што ќе успее да упадне во системот на автомобилот и да ја преземе контролата врз возилото ќе освои награда во износ од 10.000 долари.
Многумина стравуваат дека се поголемата компјутеризација на автомобилите на хакерите ќе им овозможи да упаднат во системот на возилото. Освен штетата што на тој начин може да се случи врз автомобилот, во случај на онеспособување на возилото во текот на движењето, исто така и патниците кои се наоѓаат во него можат да бидат доведени во опасност.
Коомпанијата „Тесла Моторс“ која ги користи напредните електронски системи во својот „Модел С“ секако размислувала за таквите можности и го заштитила системот на автомобилот на соодветен начин.
Како што изјави нивниот претставник, тие не се вклучени во организацијата на ова натпреварување. Сепак, „Тесла“ очекува организаторот да ги информира доколку во текот на натпреварот се утврди дека „Модел С“ има недостатоци и слаби точки во заштитата од хакери, за истите да можат да се поправат и да ја подобрат безбедноста на автомобилот.
Натпреварот ќе се одржи во Пекинг на 16 и 17 јули.