Тие протестираат против анти исламскиот филм направен во САД, кој предизвика гнев во исламскиот свет. Во вторникот беше убиен американскиот амбасадор во Либија, а судар со демонстранти имаше и во Каиро, Египет.
Неколку сведоци на настаните во Сана, главниот град на Јемен, велат дека биле запалени неколку возила при упадот во американската амбасада. Полицијата отворила оган во надеж дека ќе го спречи упадот на демонстрантите, но тие сепак успеале да ја пробијат полициската заштита и влегле во просторот што припаѓа на амбасадата.